Учениците од Кочани направија лего-робот со кој ќе се натпреваруваат во САД

Tалентираните ученици од тимот „MakBot Pioneers“ ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство во Детроит во САД, организирано од Асоцијацијата за препознавање наука и технологија и од компанијата „Лего“.

Учениците иноватори ќе го презентираат своето иновативно решение – робот што извршува задачи од областа на хидродинамиката.  Роботот во облик на коцка е составен од лего коцки и содржи четири мотори и три сензори. Својата иновација денеска ја претставија во Фондот за иновации и технолошки развој кој ги обезбеди парите за авионските карти до Детроит, а разговараа и со премирот Зоран Заев.

Тимот „MakBot Pioneers“ е составен од девет ученици од сите основни и средни училишта од Кочани. Тимот функционира во склоп на СОУ „Гошо Викентиев“ и работи како дел на кабинетот по роботика. Младите кочанци претходно го имаат освоено првото место на натпревар во Србија со што се пласирале и на АДРИА лигата во Словенија каде исто така биле наградени.