Убиена познатата руска ЛГБТ активистка Јелена Григорјева

Позната активистка за правата на ЛГБТ лицата е пронајдена мртва со повеќе убодни рани и знаци на давање во рускиот град Санкт Петербург.

Телото на 41-годишната Јелена Григорјева било пронајдено во грмушки во близина на нејзиниот дом во неделата, соопштиле локалните полициски служби. Според информации на нејзини пријатели и познаници активистката, која редовно учествувала во кампањи за поддршка на човековите права, добивала смртни закани.

„Таа беше жртва на насилство и смртни закани во последниот период“, напиша на Фејсбук нејзиниот пријател Динар Идрисов, додавајќи дека Григорјева ги пријавила овие случаи во полиција.

Според локалните медиуми полицијата привела едно лице кое се поврзува со убиството.

Освен поддршка за ЛГБТ правата, Григорјева протестирала и против руската анексија на Кримскиот полуостров од Украина, несоодветниот третман на затворениците во земјата како и во бројни случаи поврзани со кршење на човекови права.