Уапсен потпретседателот на „Самсунг“

Потпретседателот на компанијата „Самсунг електроникс“, Ли Џае-јонг, е уапсен за време на истрагата за корупција, која доведе до отповикување на јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе.

Судот наведе дека е неопходно тој да биде уапсен поради нови докази. Судот во Сеул истовремено го отфрли барањето да се издаде налог за апсење на претседателот на „Самсунг електроникс“, Парк Санг-јин.

Канцеларијата на специјалниот обвинител во вторникот побара да се уапсат двајцата раководители на „Самсунг“ поради корупција и други обвиненија.

Компанијата е обвинета дека донирала 43 милијарди вони (36,3 милиони долари) на невладини организации поврзани со Чои Сун-сил, блиска пријателка на јужнокорејската претседарелка, во замена за поддршка на спорни зделки.