„Твитер“ отсега споделува повеќе информации на корисниците со маркетерите

Твитерџиите кои се логирале на својот профил во средата, добиле едно ново известување од апликацијата.

„Контролата што ја имате над информациите што ги споделува Твитер со своите деловни партнери е променета“, стоело во пораката што се појавила на „Твитер“.

„Вашата можност да ги подесувате опциите за рекламирање на „Твитер“ е отстранета, но можете да контролирате дали би споделувале приватни податоци за да ги подобрите маркетинг активностите на Твитер“, пишувало во соопштението.

„Овие промени, кои му помагаат на Твитер да продолжи да работи како бесплатна услуга, сега се рефлектира во вашите поставки“, стоело во известувањето, кое му дозволувало на корисникот единствено да се согласи со новата поставка, доколку сака да продолжи со користење на апликацијата.

Што значи сето ова?

Твитер им дозволил пристап на маркетерите до повеќе приватни информации за тоа што правите на оваа мобилна апликација. И, едноставно кажано, нема ништо што може да се направи во врска со тоа, доколку би сакале да продолжите со користење на платформата.

Пред ова ажурирање, корисниците можеле да ја исклучат поставката наречена „Споделете ги вашите податоци со деловните партнери на Твитер“. Оваа опција оневозможувала Твитер да споделува информации за реклами со кои што сте оствариле некаква интеракција на платформата. Според Твитер, овие информации можело да вклучуваат ИП-адреса и идентификатори за рекламирање на мобилни уреди.

Сепак, од Твитер истакнале дека и со новоажурираните услови сè уште нема да се споделуваат вашето име, е-пошта, телефонски број или корисничко име на Твитер.

Овие нови поставки за приватност станале стандардни за повеќето корисници на Твитер. Исклучокот бил воведен само за корисниците во Европската унија, државите на Европската асоцијација за слободна трговија и Велика Британија. Поради строгите закони кои ја штитат приватноста на корисниците на Интернет, корисникот треба да се обиде да ги споделува овие информации, доколку сака да му овозможи на Твитер да ги сподели со своите огласувачи.

Како што истакнал „The Verge“, Твитер претходно ја констатирал промашената шанса за заработка поради начинот на кој биле споделувани податоците на корисниците со маркетерите минатата година.

Извор: Mashable