Твитер ќе ги отстрани профилите кои промовираат други платформи

Компанијата Твитер соопшти дека ќе ги отстрани профилите создадени исклучиво за промовирање други социјални платформи и содржини што содржат линкови или кориснички имиња, пренесува Ал Џазира Балканс.

Овој потег ќе влијае на содржината на платформите на социјалните медиуми како Фејсбук и Инстаграм во рамките на компанијата Мета, како и на платформите Мастодон, Трут соСоушл, Мастодон, Трибел, Ностр и Пост, се вели во соопштението на Твитер.

Откако американскиот милијардер Илон Маск, извршен директор на Тесла го купи Твитер, промената на деловната политика на оваа социјална платформа беше проследена со хаотични акции.

Изминатата недела беа суспендирани профили на неколку новинари од познати медиуми. По анкетата на 3.6 милиони корисници на Твитер, новиот сопственик на компанијата објави дека ги укинува суспензиите и ги враќа профилите на новинарите на таа социјална мрежа бидејќи 59% од анкетираните гласале за итно откажување на одлуката на Маск.

Твитер ги врати суспендираните профили на новинарите кои известуваа за Илон Маск

Во меѓувреме, Обединетите нации оценија дека суспензиите се „опасен преседан“. „Слободата на медиумите не е играчка“, рече заменик-генералниот секретар на ОН Мелиса Флеминг.