Твит-ап акција на странските амбасади за чистење на Кејот на Вардар

Амбасадата на Кралството Холандија на Твитер најави акција за чистење на Кејот на реката Вардар утре на пладне. Во акцијата „Clean-up Tweet up“, за чистење на кејот од ѓубре, прусуство најавија и од амбасадата на САД и Владата на Република Македонија. Холандската амбсада настанот го организира заедно со „Пивара Скопје“ и „Пакомак“.

Американскиот амбасадор Џес Бејли на „Твитер“ објави дека тимот од неговата амбасадата е среќен што може да се вклучи во активностите за чистење, организирани од неговиот колега Ваутер Пломп од амбасадата на Холандија. На Твитер присуство најави и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи со неговиот кабинет и Секретаријатот за европски прашања.

Од холандската амбасада посочија дека по трет пат организираат акција за чистење. Во претходните две акции се чистеше ѓубре и смет од кејот на Вардар и кај Езерото Матка. Во овие акции покрај вработените од амбасадата редовно учествува и амбасадорот на Холандија Ваутер Пломп, а во минатогодишната акција за чистење на Матка се вклучи и британскиот амбасадор Чарлс Гарет.

Пред неколку години холандската амбасада организираше и чистење на Маврово.