„Tumblr“ ќе забрани содржини за возрасни по 17 декември

„Tumblr“ објави дека повеќе нема да дозволи на содржина за возрасни од секаков вид, односно дека ќе бидат забранети фотографии, видеа, GIF-ови и аудио.

„Содржината за возрасни најчесто вклучува слики и фотографии, видеа, GIF-ови и уште неколку аудиовизуелни формати кои покажуваат човечки гениталии или женски брадавици, како и сексуални акти“, соопштува раководството на „Tumblr“.

Сите овие верзии на експлицитна содржина ќе бидат забранети веќе од 17 декември, па затоа „Tumblr“ ги поттикна корисниците на оваа социјална мрежа да ги пријавуваат сите објави со ваква содржина за возрасни.

Сепак, постојат исклучоци од правилото. На пример, ако биде објавена фотографија на која се гледа гола женска града со откриена брадавица, но во контекст на доење на бебе, тогаш нема да биде забранета бидејќи конотацијата е позитивно ориентирана. Исклучокот важи и за експлицитна содржина во текстуален формат, како и за било која содржина која е дел од парче уметност или пак илустрација.

Оваа одлука за забрана на содржината за возрасни доаѓа кратко откако апликацијата „Tumblr“ беше отстранета од „iOS App Store“ поради тоа што на оваа социјална мрежа беа пронајдени блогови со детска порнографија. Од „Tumblr“ не открија дали тој случај е причинител за овие промени.