Три македонски музички изведувачи номинирани за #HemiMusicAward

Меѓународното жири на HEMI (Центар за размена на музички иновации), составено од организатори на фестивали, промотори и продуценти, менаџери на музички експорт бироа и музички новинари, од вкупно 285  европски таленти, избра 27 меѓу кои се наоѓаат и три македонски музички изведувачи „Funk Shui“, „Pluto’s doubts“ и „YÖU“.

Само девет од нив ќе стигнат до втората фаза, која вклучува персонализирана поддршка, обука и вмрежување, а во последната фаза, три музички изведувачи ќе ја освојат #HemiMusicAward – награден пакет кој ги покрива трошоците за создавање содржина, промотивни кампањи и турнеја на интернационални шоукејс фестивали и конференции!

HEMI MUSIC AWARDS (HMA) е нова програма, наменета за талентирани музички изведувачи кои се подготвени да развијат меѓународна кариера и да ја пласираат својата музика на европско ниво. HMA е организирана од HEMI (Центар за размена на музички иновации) – Европска иницијатива која има за цел поддршка на изведувачи и професионалци во музичкиот бизнис од Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Полска, Романија, Србија и Словенија.