Трето издание на „United along the lake“ во Охрид

Овој петок во Охрид ќе се одржи третото издание на настанот „United Along The Lake“. Со почеток во 20 часот, публиката ќе има можност да ги чуе музичките групи „Комунална хигиена“, „Трендкил“, „Скалкраш“ и лондонскиот панк бенд „Scandal“, а свој ди-џеј сет ќе има и Rootboy Selector.

Настанот ќе се одржи на „Jungle beach“, или позната како третата плажа на Градиште, а како што информираат, картите се достапни во музичката продавница ЗЗ-Топ во Охрид.