Трето издание на фестивалот „Земјотрес 3“, на 7 февруари во МКЦ

Третото издание на фестивалот на независна музика „Земјотрес 3“ ќе се одржи на 7 февруари во Младинскиот културен центар .

Со свој настап на фестивалот ќе се претстават Мухамед Ибрахими, Летечките Пекинезери, Верка, The John (official), GreenFuzz, Фонија. Настапи оваа вечер ќе имаат и Btkrsh, Душко Јаневски, Galatheia,  Кантон6 + Демек, Мирко Попов, Видиновски.

Како дел од програмата на третиот „Земјотрес“ веќе се најавени и Culture Development, Kids Insane, Kolt, Marko Greyhound, Милко, Оutlaw, Палиндром, Пиколомини, SEEHEARSPEAK, Shock Troopers.

„Земјотрес“ е музички фестивал на македонските независни дискографски куќи. Инициран од Направи Заедно, 69 Records и ПМГ Рекордингс, фестивалот е отворен концепт, на кој постојано се приклучуваат релевантни чинители на алтернативната сцена која музиката ја сфаќа и третира како уметност, борба и национално богатство.

Влезот за фестивалот е 100 денари, а почетокот е закажан во 19 часот.