Трето издание на фестивалот на креативни индустрии „Скопје креатива“

Третото издание на фестивалот за креативни индустрии „Скопје креатива“, во организација на Универзална сала како дел од програмата за култура на Град Скопје, оваа година ќе се одржи на 21 ноември, во Унвиерзална сала-Скопје, со почеток од 20 часот.

logo

Ексклузивно на годинешното издание, ќе бидат промовирани десетици нови производи и услуги од областа на креативните индустрии, а како куриозитет на програмата е првата андроид туристичка апликација за Скопје, насловена „SKOPJE TO GO“ (SK2GO), која ќе биде достапна за сите странски туристи кои ќе доаѓаат на посета во нашиот град.

Исто така, на годинешниот фестивал ќе биде промовирана и првата македонска картонска игра, насловена „Планетата Ерида“, како и официјалниот софтвер за регистрација на креативниот потенцијал во нашиот град и земја, во т.н. форма на „База на податоци“.

Презентацијата на сите производи ќе започне во 10:00 часот, додека официјалното отварање ќе биде во 20:00 часот збогатено со прекрасната музика од македонските амбасадори на новиот современ звук, групата „Фолтин“, а потоа следат и настапи на македонски диџеи.

Влезот за сите настани е бесплатен.