„Transhunter“ и „Ambroz“ со стриминг концерт во живо во МКЦ

Младински културен центар (МКЦ) во соработка со Terrorvoid Promotions го најавува својот прв „live stream“ концерт за вечерва, 21 ноември.

Од МКЦ велат дека другарите од Тerrorvoid решија да останат пркосни, и да продолжат да го шират духот на подземјето на единствениот начин на кој моментално тоа e изводливо.

„Без публика, сами со својата агресија и мрак во живо од МКЦ“, стои во соопштението на МКЦ.

Во 21 часот ќе има настап „Transhunter“, а потоа од 22 часот е најавен и концерт на „Ambroz“.

Првично концертот беше најавен за вторник, 17 ноември, но беше одложен за неколку дена подоцна.