Трамп не може да блокира корисници на Твитер, одлучи судот

Федералната судијка во Њујорк, Наоми Рејс Бучвалд одлучи дека претседателот на САД, Доналд Трамп, по закон не може да блокира корисници на социјалната мрежа Твитер, бидејќи на тој начин ќе им го загрози нивното право на слободен говор, пропишано со Првиот амандман на Уставот на САД.

Оваа одлука дојде како одговор на тужбата, која во јули минатата година против Трамп ја поднесе Институтот на Универзитетот Колумбија.

Институтот го тужел Трамп, бидејќи тој блокирал луѓе на Твитер, оние кои го критикувале, исмејувале и изразувале несогласување со неговите ставови, со образложение дека налогот на Трамп на Твитер е јавен форум и дека со забраната го крши Првиот амандман на Уставот на САД.

Судијката Бучвалд се согласи со овој аргумент и ги отфрли аргументите на адвокати на Министерството за правда, кои наведоа дека според правото на Трамп, пропишано со Првиот амандман, тој може да блокира луѓе со кои тој не сака да се комуницира.