TotalBiscuit, популарниот Јутјуб гејминг-критичар, почина на 33 години

Џон Бејн, британскиот критичар на видеоигри, попознат под псевдонимот „TotalBiscuit“ почина на 33 годишна возраст од рак.

Јутјуб каналот на познатиот влогер, на кој ги постираше своите рецензии за видеоигри и подкасти, има 2,2 милиони следбеници.

Веста за неговата смрт на Твитер ја сподели неговата сопруга Гема Бејн, низ сихови од песна на Франциско де Кеведо.

Фановите на социјалните мрежи го опишуваат Бејн како страстен застапник на гејмерите и поддржувач на „инди“ програмерите низ своите видеа и подкасти.

На Бејн му бил дијагностициран рак на дебелото црево во 2014-тата година.

Пред нешто повеќе од три недели, Бејн на Реддит објави дека повеќе не реагира на хемотерапијата и дека најверојатно тоа му е последен јавен статус.