Тинејџер онлајн продавал ураниум од кој се произведува експлозив

Шеснаесетгодишно момче од Јапонија е под истрага за рафинирање радиоактивен ураниум, кој го продавал на интернет, пишува „Индепендент“.

Mомчето ја прекршилo Регулативата за нуклеарен реактор, a обвинето е и за „незаконско производство на еритирол тетранитрат“, супстанција со која се изработуваат експлозиви.

Момчето е приведено во Токио заедно со уште неколку лица за кои се верува дека купиле ураниум од него.

Според истрагата, радиоактивниот материјал го добил при обработката на ураниумова руда.

Сепак, истражителите не гледаат сериозна закана во момчето, туку велат дека станува збор за вљубеник во хемијата.