Тимска работа и борба за прво место – во тек е пријавувањето за гејминг турнирот „EndPoint“

Средношколците од Кариерниот центар при гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје организираат гејмин турнир.

Програмата за „EndPoint“ ќе се одржува на 26, 27 и 28 февруари. На турнирот ќе се играат Rocket League, Counter-Strike: Global Offensive и League of Legends.

Пријавувањата за турнирот се отворени и ќе траат до 22 февруари, 20:00 часот.

„Очекувајте 2-3 дена по вашето пријавување да бидете ставени во Discord сервер каде ќе бидат пишани правилата и дополнителните информации за турнирот“, стои во најавата за турнирот.

Пријавувањето се одвива преку следниот ЛИНК, а организаторите нагласуваат дека местата за учество се ограничени.