„Тиквеш рок фест“ од 13 до 15 септември во Кавадарци  

Здружението за алтернативна култура „Алтер Центар“ – Кавадарци на 13, 14 и 15 септември организира „Тиквеш рок фест 2018“.

Според организаторите, враќањето на „Тиквеш рок фест 2018“ на фестивалската сцена во Кавадарци ќе значи главна сцена во Паркот на револуцијата, на која на 15 септември од 20:30 часот ќе настапуваат „Bad-Ass-All“, потоа „Leksikon“, но и култниот македонски рокенрол состав „Last Expedition“.

Исто така, фестивалот ќе понуди и подпрограма наречена „Алтернативни пејсажи“. На 13 септември (четврток) во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ од 20 часот ќе се одржи промоција во живо на новиот сингл „Нова скала“ на кавадаречкиот рок бенд „Leksikon“.

Ден потоа, 14 септември на истото место од 20 часот ќе биде отворена и изложбата „Oblivion“ на ликовниот уметник Трајче Јованов од Кавадарци. Истата вечер од 20:30 часот е најавена и промоција во живо на деби албум „Stand Together“ на кавадаречкиот рок бенд “Smoke Shakers“

Инаку, „Тиквеш рок фест 2018“ е подржан од Министерството за култура, Општина Кавадарци и Домот „Иван Мазов – Климе“.