„Texas“ на 28 септември во спортската сала Кале  

Одложениот фестивалски настап на составот „Тexas“ ќе се претвори во целoвечерен концерт на 28 септември во СРЦ Кале.

Според најавите на „Авалон“, бендот ќе настапи со best off (најдоброто од бендот) сет, во траење од 100 минути.

„За вечерта да биде уште поспектакуларна, се погриживме ‘Texas’ да имаат многу специјални гости-македонската рокенрол група ‘Ареа’, која ќе настапи истата вечер како нивна предгрупа“, соопштува организаторот.

Исто така, велат од „Авалон“,влезниците коишто не се вратени, а беа купени за 23 јуни ќе важат и за настапот во СРЦ Кале, а оние што немаат влезници, ќе можат да ги набават преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, Jуготон и онлајн на avalon.mk.

Цените за партер се 1.000 денари, фан пит е 1.500 денари и исто толку за трибина.