Тетово на точак – „Критична маса“ на 9 ноември

Критична маса #8 следната сабота (09 ноември) ќе се одржи на Плоштадот Тетово во 14 часот, најавуваат организаторите преку Фејсбук.

Тетово на точак - „Критична маса“ на 9 ноември

„Иако е ноември, иако времето полека станува се поладно, ние и понатаму сме на нашите велосипеди, се уште ги користиме за превоз и сеуште им покажуваме на локалните власти дека неопходни ни се услови за велосипедистите во сообраќајот – на нам како учесници во сообраќајот и се уште ја креваме свеста за еколошки почисто Тетово“, порачуваат тие.

Во знак на протест за повторното палење на ѓубрето во градот, организаторите ги канат сите граѓани заеднички да го покажат нивниот револт.

„Наскоро ќе ни требаат маски за воздух за да функционираме “нормално”. И пеш и на велосипед. Зашто да бидеш дел од проблемот кога можеш да бидеш дел од решението? Земи го точакот и придружи ни се“, велат од Критична маса.