Танц Фест продолжува во Велес

Фестивалот Танц Фест ја продолжува програмата во Велес.

Вечерва во 20 часот на малата сцена на Народниот театар во Велес, ќе се изведе најновата премиера на Скопје танцовиот театар под наслов „Егсистирање“.

Претставата се состои од три кратки кореографии и тоа: „What happened to …self?“ на Јкуб Мунко, „БЕЗ Стоп“ на Матеа Киселичка и „Егзистирање“ на Рисима Рисимкин, асистент на кореографија Александра Петрушевска.

Трите кореографии се обединети околу темата на егзистирање и кои се предизвиците денес, посебно за младите луѓе.

Во претставата настапуваат танчерите Јована Зајкова, Сара Цветковска, Тереза Лазарев, Артемиса Морина и Бобан Русески, кои се всушност подмладокот на Скопје танцовиот теаатр.

Оваа претстава на 19 април на сцената на Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип, ќе ја отвори платформата на девет европски танцови академии и универзитети, насловена како „Share“ во која ќе учествуваат преку сто малди уметници од Австрија, Словачка, Полска, Латвија, Литванија, Унгарија, Чешка и Македонија и која Танц Фест ја организира заедно со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Програмата на Танц Фест 2018 е поддржана од Министерството за култура и Град Скопје.