Тафталиџе: Петиција и дружба за спас на паркот на „Букурешка“

Во недела (29 мај) во 18:00 во паркчето на улицата „Букурешка“, жители на Тафталиџе најавуваат дека ќе започне потпишување петиција за зачувување на паркот и измена на ДУП- от.

Од иницијативата за спас на паркот посочуваат дека се револтирани од намерата да се гради зграда на местото на сегашното зеленило. Покрај потпишувањето на петицијата, се најавува и маалска дружба со двочасовно музичко шоу заедно со Beta House и DJ Irie Scratch.

„Заедно сплотени уживајќи во добра музика и дружејки се да се ПОТПИШЕМЕ за нашата иднина. Не дозволувај да фрлат бетон врз твојата иднина. Излези и потпиши се“, се вели во најавата за настанот на социјалните мрежи.