СЗО соевите на коронавирусот ќе ги нарекува со букви од грчката азбука за да се избегне стигматизирањето

Алфа, Бета, Делта, ова наскоро ќе бидат имињата кои во свеста на луѓето ќе бидат поврзувани со коронавирусот.

Светската здравствена организација (СЗО) во намера да го направи послесно именувањето на соевите на Ковид-19, но и за да се избегне стигматизација на одредени држави, почна поинаку да ги именува варијантите на вирусот.

Наместо да се нарекуваат по имињата на државите каде се откриени, како индиски, бразлиски или британски сој, СЗО сега планира тие да бидат познати по буквите од грчката азбука.

Па, така, индиската варијанта (B.1.617.2), која предизвикува многу загриженост низ светот, ќе биде позната како „Делта“. Бразилската (P.1) варијанта ќе биде „Гама“, а британската (B.1.1.7) ќе се нарекува „Алфа“.

„Се работи за полесни и нестигматизирачки имиња, кои ќе бидат поедноставни и попрактични за дискусија од страна на ненаучната јавност“, велат од СЗО.

Пандемијата доведе до одредени стравувања за стигматизација, особено поврзана со Кина кога првично беше откриен вирусот. Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, често коронавирусот го нарекуваше „Кинескиот вирус“, па дури и како „Кунг флу“, коментари кои се сметаа за расистички.