СЗО: 92 отсто од светската популација дише загаден воздух

Девет од десет луѓе во светот живеат во места со слаб квалитет на воздух, се вели во новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), обвинувајќи ги кризите со загадување низ светот како главен фактор за милиони случаи на смрт на годишно ниво.

Во извештајот, агенцијата вели дека 92 отсто од луѓето во светот живеат во области кои квалитетот на воздухот е под границите на СЗО.

Исто така, агенцијата објави интерактивна мапа која покажува детални податоци.

„Приближно три милиони смртни случаи се поврзани со изложеност на надворешно загадување на воздухот“, вели Агенцијата во извештајот, кој се базира на податоци од 3 000 земји низ светот.

„Внатрешното аерозагадување може да биде исто така смртоносно. Во 2012 година, речиси 6,5 милиони смртни случаи (11,6 отсто од вкупниот број на смртни случаи на глобално ниво) беа поврзани со внатрешното и надворешното аерозагадување заедно“.

Според СЗО, речиси сите смртни случаи поврзани со одреден вид на загадување на воздухот се должни на незаразни болести како кардиоваскуларни болести, гушење, хронична опструктивна белодробна болест и рак на белите дробови.

Овие 90 отсто од смртните случаи, според извештајот, се случиле во земји со низок и среден приход, од кои две третини се наоѓаат во јужните региони на Азија и Западен Пацифик.

„Аерозагадувањето продолжува да го одзема здравјето на најранливите популации – жените, децата и повозрасните лица“, рече Флавиа Бустрео, асистент на генералниот директор во СЗО.

Проблемот најчесто е присутен во градовите, но загадувањето на воздухот во рурални средини е полошо, смета експерт во СЗО.

Загадувањето „ги погодува речиси сите држави во светот и сите делови во општеството“, смета Марија Неира, директорка на одделот за здравје и животна средина во СЗО.

„Брза акција за спречување на аерозагадувањето не може да се најде наскоро“, додаде таа, повикувајќи ги владите да го намалат бројот на возила на патот, да го подобрат управувањето со отпадот и да промовираат чисто гориво за готвење.

Во март, Обединетите Нации објави извештај според кој, 80 отсто од жителите на градовите низ светот дишат воздух со слаб квалитет,истакнувајќи дека само два отсто од градовите во земјите со низок и среден приход ги исполнуваат стандардите на СЗО.

„Урбаното загадување на воздухот продолжува да расте со алармантна стапка, предизвикувајќи хаос по здравјето на луѓето“, рече Неира.