Свирка-перформанс на NW во СЦ „Дуња“

Во Социјалниот центар „Дуња“ во петок (18 октомври) од 20:30 часот ќе се одржи свирка-перформанс на NW – Nurdin William (Нурдин Вилијам).

Според најавите, се работи за звучен уметник, композитор и електроакустичен музичар кој доаѓа од Франција, ориентиран кон акузматична музика. Применува разновидни музички формации како гитара, електронски орган, стакло од полипропилен…

„Роден во 1980 година, исполнет со егзистенцијална желба да донесе конкретна музика во изведба. Чувствува потреба да го сподели верувањето дека филозофското размислување започнува со човечкиот субјект – не само субјектот кој размислува, туку и делотворната, чувствителна, жива човечка индивидуа. Вредноста која преовладува кај него е слободата, чија примарна доблест е автентичноста, ‘егзистенцијалниот став’ или чувството на дезориентација, збунетост или страв воочи светот кој се чини бесмислен или апсурден“, стои во најавата за настанот.

Од крајот на 90-тите години, NW работи како композитор користејќи компјутер и аудио снимач, а се бави и со фонографијата на природните и човечки создадените звуци.