Светски ден на емоџи – сликичките кои го променија начинот на комуникација во 21 век

Милиони луѓе со години секојдневно користат емоџи во преписките со најблиските. Сликите кои го променија начинот на комуникација на почетокот од 21 век веќе имаат свој ден кој се одбележува – 17 јули.

Во прославата на Светскиот ден на емоџито се вклучија Фејсбук, Твитер и Инстаграм, социјалните мрежи кои придонесоа за нивната популаризација.

Покрај нив, и платформите како ВатсАп, Вајбер и Месинџер се местата каде се одбележува нивната огромна употреба.