Екстремни временски непогоди кои се случувале еднаш на сто години, ќе почнат да се случуваат еднаш секоја година во многу крајбрежни градови од 2050 година, покажува нов научен извештај за климатските промени.
Извештајот го подготви Меѓувладиниот панел за климатски промени (ИПЦЦ) и беше усвоен од сите 193 земји членки.
Научниците додаваат дека овие последици ќе се случат, независно од тоа дали ќе се намалат штетните емисии на јаглерод, или не. Сепак, тие додаваат, последиците ќе бидат уште пострашни доколку итно не се намалат емисиите.
Меѓу останатите последици, извештајот наведува и подигање на морското ниво за повеќе од 4 метри во најлош случај. Ситуација во која ќе се прецрта целосната мапа на светот и ќе страдаат милијарди луѓе.
„Сите луѓе на светот директно или индиректно зависат од океаните и глечерите за регулирање на климата и обезбедување вода и кислород. Но, глобалното загревање прави опасни промени за прв пат во историјата“, се наведува во извештајот.
Дури половина од светските мега-градови и скоро 2 милијарди луѓе живеат на крајбрежјата. Дури и доколку загревањето се ограничи на само 2 степени Целзиусови, научниците очекуваат влијанието на растот на нивоата на морињата да предизвика неколку трилиони долари штета секоја година и тоа да резултира во милиони и милиони мигранти.
„Иднината на крајбрежните заедници е многу лоша. Но последиците ќе ги почуствуваме сите ние. Постојат многу нешта околу кои треба да бидеме загрижени за иднината на човештвото и општествениот поредок од насловот на овој извештај.
Во извештајот се напоменува и дека естремни „Ел Нињо“ невремиња ќе се случуваат два пати почесто овој век, без оглед на тоа дали штетните емисии ќе се намалат или не. Научниците потенцираат дека тропските циклони ќе стануваат се посилни и поразорни.
Коралните брегови, кои се најзначајни за морскиот свет, ќе бидат значително уништени. Низ океаните, топлината, намалениот кислород и скиселувањето ќе го намалат рибниот фонд за една четвртина и целиот подводен жив свет за 15% доколку не се намалат јаглеродните емисии во атмосферата.
На извештајот работеле вкупно 104 научници од 36 држави во светот.