Свечено отворање на третото издание на Џифони Македонија во среда

Џифони Македонија е на прагот на своето трето издание. Фестивалот и оваа година ќе се одржува во Скопје, во периодот од 7 до 11 октомври.

Свеченото отворање на фестивалот е најавено во среда (7 октомври) во киното Милениум. На отворањето присутните ќе имаат можност премиерно да го гледаат италијанскиот филм „Во Неапол никогаш не врне “ во режија на Серџо Асизи. Филмот својата официјална премиера во Италија и во кино салите низ Европа ќе ја има токму во октомври.

Почетокот на настанот е најавен во 19:30 часот.