„Суперхикс“ ги повикаа граѓаните да снимаат домашни видеа за да ги вклучат во спотот „СКАрантин“

Во теков на викендов, додека трае полицискиот час, па се до понеделник, ска-составот „Суперхикс“ упати повик до граѓаните да направат кратко видео како танцуваат на нивниот најнов сингл „СКАрантин“ со семејството, сами или со пријателите.

„Истите видеа ќе ги вклучиме во официјалниот спот“, соопштија од „Суперхикс“.

Видеата може да се испраќаат до понеделник во инбокс на нивната Фејсбук страна или во порака на Инстаграм профилот.

„Сите сме разиграни во СКАрантин! Ве очекуваме!“, велат од составот.

„Суперхикс“ лани прославија 25 години од својот прв настап во некогашен „Доорс“ во Дебар Маало. „Банда инструментале“ периодов соопштија и дека се навршуваат точно 20 години откако во етерот беше пуштена „Глупави песни“, песна која се најде на првите места во десетици радио и ТВ топ листи, како еден од најслушаните синглови.