„Summerland 2019“, фестивал на отворено во Скопје

Ова лето во Градски парк во Скопје ќе се одржува фестивал на отворено „Summerland“. Почнувајќи од 4 до 28 јули, секојдневно ќе бидат организирани повеќе содржини за луѓе од сите возрасти.

За најмладите ќе има детско катче со едукативни и забавни настани, а предвидени се и изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, панел дискусии, кино на отворено и уште многу содржини кои ќе го направат летото во Скопје незаборавно.

Отворањето на „Summerland” е во четврток ( 04.07), а забавната програма ќе се одвива секојдневно од 18:00-00:30. Летната забава на Школка, во четврток ќе започне со групата „Нокаут“, а викендот е резервиран за трибјут настапи- во петок, ЕКВ, Бјиело Дугме Трибјут и  Ѓорѓе Балашевиќ Трибјут, во сабота и недела пак странски артисти кои прават светски шоуа со трибјути на Арктик Манкис и Џо Кокер и Ајрон Мејден и Металика.

Фестивалот е под покровителство на Град Скопје.