Судот од Стразбур ги испитува онлајн нападите врз Тодоровиќ од српски БИРН

Европскиот суд за човекови права од Стразбур побара од српската влада да појасни какви мерки се преземени за да се осигура безбедноста на Софија Тодоровиќ од српскиот БИРН (Балканската истражувачка репортерска мрежа), која стана мета во онлајн кампања за заплашување од српски националисти, пишува Balkan insight.

Исто така, Судот побара и од Тодоровиќ да даде дополнителни објаснувања, откако таа се пожали на онлајн напади по известувањата за пекар, етнички Албанец кој стана мета во нејзиниот град.

Тодоровиќ, проектот координатор во БИРН, беше предмет на говор на омраза, навреди и закани на социјалните мрежи, со обиди да се хакира и нејзиниот профил на Твитер.

Оттука, Судот побарал од двете страни да дадат дополнителни иформации и појаснувања до 5 јули.

„Ова е прв пат Европскиот суд за човекови права да земе предвид случај за онлајн прогон во Србија, бранејќи ги бранителите на човевите права“, рекол за БИРН Михајло Тодоровиќ, нејзиниот адвокат.

Тој потенцираше дека Судот покренал прашања дали Србија воопшто има механизми да ги штити луѓето – мети на онлајн напади.