Студио Гибли работи на два нови филма за оваа година

Едниот од нив е првиот долгометражен анимиран филм на Хајао Мијазаки по неговото долго паузирање.

Доколку веста дека сите анимирани филмови на Студио Гибли се достапни за бесплатно стримање од овој месец не се доволни, веста дека два нови филма се во процес на изработка треба да е повеќе од доволна. Легендарното студио за анимација кое стои зад класиците „Spirited away“ и „Kiki’s Delivery Service“ соопштило дека два нови филма ќе бидат достапни до крајов на годинава.

„Катастрофите како тајфуни и силни дождови продолжуваат во Јапонија и тажна е помислата колку многу луѓе се присилени да живеат отежнат живот во овие времиња. Од срце сочувствуваме со оние кои се погодени од катастрофите и им посакуваме лесно опоравување“, пишувало во соопштението напишано на јапонски.

Во соопштението, студиото го дискутирало значењето на овогодишниот знак во кинескиот хороскоп – Стаорецот.

„Стаорците се симбол на просперитет поради нивната плодност, а исто така се верува дека се ангели на богот на плодноста. Се надеваме дека застојот на општеството ќе се обнови и дека ќе имаме надежна година“, истакнале од студиото.

Иако се знаат малку работи во врска со вториот филм, „Студио Гибли“ открило детали во врска со првиот анимиран филм кој е во режија на ко-основачот Хајао Мијазаки. Со наслов „How do you live“, а адаптиран според истоимениот роман на Гензабуро Јошино од 1937 година, филмот е авантуристичка адолесцентска фантазија, која го отсликува животите на 15 годишниот Коперу и неговиот вујко. Ова е првиот долгометражен анимиран филм на Хијао Мијазаки, откако тој заминал во пензија во 2016 година.

Иако филмот немал конкретен датум на премиера, од студиото планирале тој да биде готов за време на Летната олимписки игри во Токио кои требаше да се одржат оваа година. Долгогодишниот продуцент на Мијазаки, Тошио Сузуки, истакнал дека поради новите услови, филмот се очекува да биде готов помеѓу 2021 и 2022 година, бидејќи засега биле изработени само 15% од филмот.

Извор: iD -Vice