Студентско радио распишува конкурс за најдобар млад поет дебитант

Студентското радио на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ по четврти пат го распишува конкурсот за избор на најдобар млад поет дебитант – „Поезија во глувата соба“.

Право на учество, информираат од радиото, имаат сите заинтересирани студенти кои досега не објавиле поетска збирка.

Заинтересираните може да испратат пет поетски творби напишани на македонски јазик и кирилично писмо, заедно со своите податоци: име, презиме, факултет и контакт, на е-маил адресата: poezija929@gmail.com, најдоцна до 25 февруари.

Најдобрите тројца ќе учествуваат на специјалниот поетски радио перформанс „Поезија во глувата соба“ на фреквенцијата Студент ФМ 92,9.