Студентите во Белград ја блокираат РТС, полицијата ја прекина блокадата на РТВ во Нови Сад

Неколку стотици студенти се наоѓаат пред зградите на Радио телевизија Србија (РТС) во Белград, блокадата влезе во 11-тиот час, а студентите велат дека ќе трае „до понатамошно известување“. Додека пак, единицата на полицијата во полна опрема за бунт пристигнала утрово околу 5 часот и 30 минути пред зградата на Радио телевизија Војводина (РТВ) во Нови Сад, која синоќа била блокирана од студенти, ги вратила назад и формирала кордон, но немало никакви инциденти, пренесува Ал Џазира Балканс.

Студентите во блокада се сместени на платото пред РТС и во задниот дел од зградата на улицата Абердарева, на патеката кон театарот „Душко Радовиќ“, стои транспарентот „Радио телевизија Студенти“ кој беше поставен во текот на ноќта, а на патеките се стационирани редари.

Улицата Таковска е отворена за сообраќај, возачите свират за да ги поздрават студентите, а жителите од околните згради им носат кафе и освежителни пијалоци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Svi u blokade! (@sviublokade.fdu)

Од друга страна, РТВ утрово емитуваше програма во која се вели дека студентите се „растуриле“, а не дека биле оттурнати од полицијата. Генералниот директор на РТВ Горан Караџиќ синоќа во објава на порталот РТВ објави дека се „киднапирани“ вработени во јавниот сервис, а студентската блокада ја нарече „тероризам“.

Српското Министерство за внатрешни работи утрово соопшти дека во тек е идентификација на сите лица кои сториле кривични дела и прекршоци при блокадата на зградата на Радио и телевизија Војводина и против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Радио Телевизија Србија, пак, утринава соопшти дека полни девет часа студентите ги блокираат сите влезови во зградата на улиците Абердарева и Таковска, како и на Кошутњак. На улицата Абердарева поставија шатор, а на Кошутњак напишаа графити на приодите до зградата. Во своето соопштение, РТС ги повика студентите „да прекинат со незаконската блокада на објектите на јавниот медиумски сервис“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blokada Metropolitan (@met.blokada)

Провладините медиуми ја окарактеризираа студентската акција како „тероризам“, а кога екипата на Информер се појави во близина на РТС, обезбедувањето застана меѓу граѓаните и новинарите од тој медиум за да спречат конфликт.

„Јавниот медиумски сервис работи против сите нас“

Студентите тврдат дека јавните медиумски сервиси не известуваат вистинито и дека тоа е причината за оваа блокада.

„Јавниот медиумски сервис работи против сите нас. Бидејќи Регулаторното тело за медиумски услуги не постои, никој не може да ги скроти. Протестот ќе трае додека не се распише нов конкурс за РЕМ (н.з. Регулаторно тело за електронски медиуми) или додека РТС не се затвори“, напишаа студентите во блокадата во објава на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blokada Metropolitan (@met.blokada)

Инаку, студентите од Белград и Нови Сад вечерта на 10 март ненајавено се собраа пред јавните медиуми и ги блокираа сите влезови барајќи објективно известување за протестите, па ова е втор пат да организираат ваква ненадејна координирана акција.

Нивната прва блокада траеше околу 20 часа.