Студенти од Стоматолошки бараат ректорот на УКИМ да го прифати Ќиро Ивановски за декан

Студенти и специјализанти на Стоматолошкиот факултет – Скопје при УКИМ со потписи бараат да се прифати кандидатурата на проф. д-р Ќиро Ивановски за декан на факултетот. Отвореното писмо го поддржаа 220 студенти и специјализанти на овој факултет. Тие бараат Јанкуловски да ја промени својата одлука и да ја почитува волјата на мнозинството професори, студенти и специјализанти.

„Одлуката со која назначивте в.д. декан ја донесовте без да истакнете конкретна, аргументирана причина, а со тоа го прекршивте член 54, став 1, алинеа 9 од Законот за високото образование. Целосно ја игнорирате одлуката на Наставно-научниот совет, а со тоа ја нарушувате автономијата на Стоматолошкиот факултет“, стои во писмото на студентите до ректорот.

Според нив, Јанкуловски треба да постапи според Законот за високо образование и да ја прифати кандидатурата на Ивановски бидејќи ужива поддршка од мнозинството професори, студенти и специјализанти.

„Силно веруваме и Ве охрабруваме да ја промените својата одлука и да постапите правилно. Барањето е подржано од 220 студенти и специјализанти на Стоматолошкиот факултет“, стои во нивното барање.

Инаку, на 12 декември 2016 година вработените на Стоматолошкиот факултет со мнозинство гласови утврдиле дека единствен кандидат за декан ќе биде проф. д-р Ќиро Пред две недели, 23 професори од Стоматолошкиот факултет, исто така упатија отворено писмо до Јанкуловски во однос на неговата одлука.

На него се потпишаа:

1. Ќиро Ивановски, с.р.
2. Георгиева Силвана, с.р.
3. Апостолска Соња, с.р.
4. Капушевска Билјана, с.р.
5. Мира Јанкуловска, с.р.
6. Славе Наумовски, с.р.
7. Маја Пандилова, с.р.
8. Снежана Пешевска, с.р.
9. Габриела Ќурчева Чучкова, с.р.
10. Лидија Кануркова, с.р.
11. Јанкуловска Евдокија, с.р.
12. Александар Грчев, с.р.
13. Алберто Бенедети, с.р.
14. Стевановиќ Марија, с.р.
15. Златко Георгиев, с.р.
16. Сотировска Ана, с.р.
17. Горѓиевска Елизабета, с.р.
18. Василка Ренџова, с.р.
19. Марија Пеева Петреска, с.р.
20. Весна Коруновска –Стевковска, с.р.
21. Величковски Борис, с.р.
22. Сашо Еленчевски, с.р.
23. Jaдранка Бундевска,с.р.