Студенти од „Кузман“ поставиле камера пред женскиот тоалет

Државниот студентски дом „Скопје„ – Скопје соопшти дека се идентификувани двајца студенти кои поставиле мобилен телефон со камера на надворешната страна на прозорецот на тоалетот на третиот кат во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

„Се работи за двајца студенти кои престојуваат во Домот, а се фатени веднаш по дојавата. Безбедноста на студентите, како и заштитата на нивната приватност, се многу важни за раководството на Домот. Секое нивно нарушување се зема за сериозен прекршок, а студентите ќе бидат соодветно санкционирани, согласно Правилникот на Државниот студентски дом“, се наведува во соопштението на Државниот студентски дом Скопје.

Во меѓувреме, раководството на работи и на поставување видео надзор во студентските домови, за зголемување на безбедноста на студентите.