Студенти од ФЕИТ победија на „NASA Space App Challenge Скопје“

Студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ): Никола Петков, Стефана Филипова и Филип Спасовски со  својот проект за визуелизирање на хоризонтот и преостанатата зелена површина се победници на натпреварот NASA Space App Challenge Скопје. На првиот ваков хакатон кој се одржува во Македонија учествуваа околу 60 студенти, инженери, астрономи и ентузијасти кои се обидoа да најдат софтверско и хардверско решение за предизвиците кои ги постави Американската вселенска агенција со цел да го подобрат животот на Земјата и истражувањето во вселената.

Два тима од Македонија се одбрани да одат на глобалниот натпревар на NASA, каде ќе ги претстават своите проекти. Најдобриот проект на тројцата студенти e oпишан како сензори за Сонцето и хоризонтот на Земјата кои ќе ги користат камерите на ArduSat, првата отворена Вселенска мрежа преку која се контролира сателит на кој има околу 15 сензори, и која може да се искористи „од обичните луѓе да прават експерименти, игри, апликации, или било кои нови и интересни решенија“. Студентите исто така направија и апликација за „животниот сензор“ која ги скенира зелените површини на Земјата. Повеќе детали за нивните проекти ќе најдете тука.

извор: It.com.mk