Студенти на Ликовната академија во Белград украле меч од споменик поради „стручни причини“

Тројца студенти на Ликовната академија во Белград украле меч од споменикот на Јанош Хунади бидејќи биле незадоволни од изгледот и изработката на споменикот, изјавил командирот на полициската станица во Земун, пренесе Н1.

Според неофицијални информации, студентите го украле мечот во знак на протест бидејќи тој не бил составен дел на споменикот, како што наложува вајарската струка, туку бил направен посебно и потоа „прилепен“ за споменикот.

Според командирот Предраг Ратковиќ, мотивот на студентите не бил користољубие и посочил дека лицата, заедно со украдениот меч, биле приведени скоро два часа од пријавата на граѓани дека нешто се случувало околу споменикот.