Студент од Белгија направи дрон за брза помош

Во Холандија е претставен прототип на „амбулантно беспилотно летало“, кое во најкраток рок може да пренесе дефибрилатор до пациентите кои претрпеле срцев удар.

Студент од Белгија направи дрон за брза помош

Со своите шест пропелери, дронот може да постигне брзина од 100 километри на час, а тој може самостојно да го избере правецот на движење, затоа што ќе одговара на итниот повик со помош на ГПС.

„Во Европската унија речиси 800.000 луѓе секоја година претрпуваат срцев удар, а само 8% од нив преживуваат“, вели 23-годишниот Alec Momont, белгиски студент на технички науки, кој го развил овој систем.

Студент од Белгија направи дрон за брза помош

Потребата за„амбулантниот дрон“ доаѓаа оттаму што периодот кој е потребен за итните служби да стигнат до пациентите низ густиот сообраќај често е предолг. Времето на пристигнување на брзата помош изнесува во просек десет минути, а во ваквите ситуации, жртвите на срцев удар умираат за четири до шест минути, вели Momont.

Тој истакнува дека леталото може да пренесе дефибрилатор за една минута во круг од 12 квадратни километри, со што шансите за преживување на пациентите се зголемуваат од 8% на над 80%. Кога дронот ќе стигне на своето одредиште, медицинскиот персонал може да им даде упатства на луѓето кои се наоѓаат покрај пациентот, со помош на камерата и микрофонот кои се вградени на леталото.

Изумот веќе го привлекол вниманието на холандските итни медицински служби, а доколку дојде до сериско производство, еден ваков дрон би се продавал по цена од околу 15.000 евра.