Стратуваше електронското плаќање патарина

На „Коридор 10“ започна работата на електронската патарина, па граѓаните што ќе плаќаат со електронска картичка добиваат од 2 до 7% пониска цена на патарините. Старите цени на патарините ќе важат при плаќање во кеш.

Патарината се плаќа со бесконтактни смарт-картички и со микробранови транспордери, а покрај тие опции, одреден временски период останува и можноста за плаќање во готово. Еднократниот износ за картичката ќе чини 100 денари и таа ќе се надополнува со најмалку 300 денари, додека за таговите, што ќе се поставуваат на предното ветробранско стакло за да може електронскиот систем да ги чита од далечина, ќе чинат 1.200 денари со надополнување преку интернет.

Картичките и таговите засега ќе може да се купат на наплатните станици на Коридор 10 и во Контролниот центар во Петровец. Потоа со веб апликација ќе може да се надополнуваат преку телефон. Според најавите на надлежните, новиот систем за наплата е целосно интероперабилен со наплатните системи во останатите држави, па целта е во иднина да се плаќа патарина и во други држави.

До мај 2020 се предвидува сите патарини да бидат дигитализирани.