Стратегијата за образование 2018 – 2015 ќе ги третира предизвиците во образовниот систем

Во Стратегијата за образование се лоцирани клучните предизвици на македонскиот образовен систем, почнувајќи од училиштата, па се до градинките. Целта е да се инвестира во учениците, студентите, во млади интегрирани поединци кои ќе бидат слободни во изразување на автентичноста, оригиналноста, идентитетот и креативноста.

Вака Министерството за образование и наука ја карактеризираат Стратегијата за образование 2018 – 2025 , која вчера беше промовирана, а усвоена на почетокот на годинава.

Со оваа Стратегија донесен е и Акциски план за реализација со предвидени конкретни рокови и очекувани резултати. Процесот на подготовка на Стратегијата беше во целост финансиран и поддржан од ЕУ.

„Како прв столб на образовниот систем Стратегијата го поставува токму предучилишното образование, свесни дека инвестирањето во оваа област ја засилува социјалната кохезија и го овозможува идното целосно развивање на потенцијалите на секое дете“, рече министерката Рената Дескоска, додавајќи дека одредени делови на Стратегијата се веќе реализирани, а дел се во фаза имплементација.