Стотици астрономи предупредуваат дека „Старлинк“ сателитите на Илон Маск можат да ги ограничат научните откритија

Стотици астрономи предупредија дека сателитските констелации како „Старлинк“ на Илон Маск може да се покажат како „екстремно влијателни“ за астрономијата и научниот напредок, јавува „Индипендент“.

Во извештајот на работилницата „Саткон1“ на Американското астрономско друштво се посочува дека констелацијата на светли сателити, фундаментално ќе ја променат оптичката и инфрацрвената астрономија и би можеле да влијаат на тоа како набљудувачите го гледаат ноќното небо.

Истражувањето беше повод да се соберат повеќе од 250 астрономи и сателитски оператори за подобро да го разберат астрономскиот импакт на големите сателитски соѕвездија.

„Откривме дека дизајнираните соѕвездија во најлош случај екстремно влијаат на најтешко погодените научни програми“, се вели во извештајот објавен во вторникот.

Компанијата „Спејс икс“ на Илон Маск планира да лансира повеќе од 30.000 „Старлинк“ сателити кои ќе овозоможуваат поврзување на интернет преку сателит.