Стефан Солев победник на 23-тите Ораторски вечери „Иво Пухан“

Стефан Солев, студент на Економскиот факултет при УКИМ, е победник на 23-тите Ораторски вечери „Иво Пухан“ кои синоќа се одржаа на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Солев покрај главната награда, ја доби и наградата „Бранко Ѓорчев“ за најдобар сценски настап.

Втората награда му припадна на Филип Марковски од Филозофски факултет, а третото место го освои Христијан Наумовски од Правниот факултет.

Анастасија Великоска, студентка на Правниот факултет пак беше наградена за најдобар говор од областа на правото.

ФОТО: Правен факултет „Јустинијан Први“

На манифестацијата која се одржа по 23-ти пат, учествуваа 10 финалисти, студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, кои преку своите теми ја промовираа моќта на говорот.