[Став]Илијана Бојаџиева: Mоето досегашно искуство во АИЕСЕК

На почетокот на новата академска година, студентската организација АИЕСЕК ја започнува регрутацијата на нови членови и пренесува дел од искуствата на досегашното членство. Во текстот во продолжение, прочитајте што АИЕСЕК ја научи Илијана Бојаџиева, потпретседател за Талент менаџмент во АИЕСЕК ЛК Скопје.

Дали сакате да прочитате за една успешна приказна за организација која потекнува уште од завршувањето на Втората Светска војна, а опстојува кај нас веќе 65 год.

Создадена од сонот на неколкумина студенти кои биле предводени од желбата Светот да го направат подобро место за живеење со тоа што ќе си помогнат едни на други.

Ако одговор е да,тогаш продолжете со читање, следува нешто многу интересно да дознаете за нас.

Јас ќе ви ја раскажам мојата страна на оваа приказна.

Станав член на АИЕСЕК во Септември, 2016. Најпрво ја пополнив апликацијата што беше поставена на страната на организацијата. По кратко време бев контактирана и повикана на т.н интервју кое всушност е  еден разговор во кој секој  има шанса да се претстави себе си и да одговори на прашања кои помагаат подоцна да се одлучи во кој дел од организацијата сака да се приклучи и да продожи да се развива. Кога бев официјално примена бев пресреќна,но во исто време и малку исплашена за она што ќе се случува во иднина. Но, како велат –Она што не те плаши, нема никогаш ни да те промени, зарем не?

Иако на почеток не знаев што точно се случува во АИЕСЕК,никогаш не ни помислив дека можам да научам и добијам волку. АИЕСЕК нуди неколку Функционални области: Маркетинг, Човечки ресурси, Бизнис Развој, Продажба, како и размената на студенти која се врши преку трите типа на пракси. Во секоја од овие области секој млад човек може не само да се препознае туку и да се надогради и да осознае многу за себе не само на професионално туку и на приватно ниво. Да ги поттикне и развие своите лидерски способности и да се предизвика себе си да направи нешто повеќе. Со тек на време се учат вештини кои навистина се потребни во денешниот свет на функционирање и  со кои многу полесно секој млад човек може да дојде до посакуваната работна позиција во иднина.

Иако претставува  најголема интернацоналнa, студенска организација, АИЕСЕК е многу повеќе од тоа. Постои една глобална мисла која вели дека  луѓето во организацијата всушност се организацијата. Стојам целосно до тоа бидејќи тука ги пронајдов вистинските пријатели,луѓе кои  нудат  безрезервна љубов, подршка и разбирање. Луѓе кои секојдневно ме мотивираат да бидам подобро верзија на сама себе  и да направам нешто повеќе за сите нас. Луѓето со кои сме се радувале на секој заеднички успех како да е најголем индивидуален успех, бидејќи среќата кога се дели е секогаш послатка, а заслугата на целиот тим еднаква. Тука дознав за себе работи кои претходно не сум ги знаела. Се соочив со стравовите и слабостите, а тоа ме направи многу посилна,посамостојна и поискусна личност. Сега знам дека денес ниту небото не е граница и секој од нас може да го направи и невозможното се додека верува во себе и во луѓето околу себе. Тимската работа е нешто без кое ниеден успех не е целосен. Затоа што само заедно можеме да постигнеме многу. Да го направиме овој свет подобро место за живеење и да оставиме нешто што ќе остане.

Па, затоа скрши го мразот, излези од својата конфорна зона и предизвикај се ДА НАПРАВИШ НЕШТО ПОВЕЌЕ, ДА БИДЕШ ПОВЕЌЕ… Првиот чекор е да ја пополниш апликациската форма.

Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за нашата организација посетете ја нашата веб страна и нашата фејсбук страна.