[Став] Студенти од Педагошки факултет: Нанесени ни се неправди во текот на семестаров

Група студенти од Педагошкиот факултет при „Св. Климент Охридски“ – Скопје испратија писмо со кое, велат тие, сакаат да укажат на некои неправди кои им се нанесени во теков на овој семестар.

Ставот на студентите ви го пренесуваме во целост:

Поради вондредната состојба и корона вирусот, беа воведени вонредни начини на функционирање на факултетите. Меѓутоа, за разлика од останатите факултети, Педагошкиот факултет не одржа ниту едно предавање, ниту вежби, во теков на семестаров (во исклучок на поединци професори, но тоа претставува само 2% од вкупниот број). Не се одржаа ниту онлајн колоквиуми. Згора на тоа, професорите преку меил (кој за нив претставува онлајн предавање) ни поставуваа барања т.е. задачи за чије исполнување нам ни требаат стручни литератури. За таа цел, ни предлагаа да си ги купиме, наместо да ни ги испратат  електронски. Бидејќи се наоѓаме во вонредна состојба во која не би имале услови да ги купиме од книжарници, освен тоа повеќе од 60% од студентите живеат во други градови. А, за цената на литературите да не говориме, астрономски цени.

Од Факултетот добивме известување дека испитната сесија ќе започне на 15.06 за која уште немаме распоред, а секој професор треба да не исконтактира како ќе го одржи испитот. Известени бевме дека ќе ни биде овозможена една декада за полагање. Против оваа одлука беа поголем дел од студентите, затоа пративме молба за организирање на 2 декади, но бевме одбиени со изговор дека факултетот нема технички, просторни и физички услови (студенти можат да полагаат физички, а ниту студентски прашања, ниту администрација нема да работи на факултетот, освен тоа, професорите не се изложени на претходен скрининг тест), но дури и да има 2 декади ќе имаме право да полагаме само на една.

Поради тоа преку Студентското собрание се обративме и баравме одговори на кој начин ќе се полага со оглед на тоа што границите се затворени, а има многу студенти од околните држави. Исто така, поголемиот дел од студентите се од другите градови и со оглед на ситуацијата не можат да патуваат секој ден или пак да се сместат во студентските домови, бидејќи тие нема да се отворат.

Побаравме полагањето да биде онлајн (за кое факултет наведува дека има услови, А ЗА ОНЛАЈН ПРЕДАВАЊА И ВЕЖБИ НЕМА – парадокс) и сите да имаме еднакви шанси за полагања, но факултетот одлуката ја остава на професорите од кои поголем дел бараат полагање со физичко присуство. Затоа ние прашуваме дали воопшто некој го слуша гласот на студентите и дали се грижи за нашето здравје во период кога секојдневно расте бројот на заболени.