[Став] Разбивање на митот за „нето нула“ емисии на јаглерод

Пишува: Џеј Ди Фаруџиа

Ова е прв дел од три-делниот напис базиран на последниот извештај на Friends of the Earth International: Бркање на јаглеродни еднорози: Измамите на јаглеродните пазари и концептот „нето нула“

Владите и големите јаглеродно-интензивни корпорации го користат терминот „нето нула“ за да ги оправдаат своите континуирани емисии додека наводно „прават се’ што можат“ во борбата против климатските промени. Најновиот извештај на Friends of the Earth International ги потенцира недостатоците во овој концепт.

„Нето нула“ во суштина значи дека компаниите можат да продолжат да согоруваат фосилни горива сè додека некој, некаде го исцрпува истиот износ на јаглерод диоксид (СО2) од атмосферата. Истиот може да се претстави преку следната равенка:

Емисии на стакленички гасови – отстранување на стакленички гасови = Нула

Со други зборови, ако 100 „единици“ СО2 се испуштаат за 1 ден, треба да се отстранат уште 100 „единици“ СО2 од атмосферата во истиот временски период.

„Нето нула“ ветувањето

Ветувањето за „нето нула“ изнесено од моќни субјекти кои се генерално одговорни за најмногу емисии (како што се индустријата за фосилни горива и агробизнисот) е дека тие можат да продолжат да испуштаат високи нивоа на стакленички гасови додека не се најдат „изводливи решенија“ или алтернативи на фосилните горива. Ова продолжува да ги одложува како никогаш досега потребните чекори за непосредно запирање на согорувањето на фосилни горива. „Нето нула“ концептот стана нова тактика на најголемите емитери на стакленички гасови за одложување на вистинска климатска акција, извадена од „стратешката корпа“ заедно со поими како ‘пазари на јаглерод’ (концепт кој ќе го разгледуваме во следната статија).

Јаглеродниот еднорог

И покрај големите ветувања, концептот „нето нула“ има некои големи недостатоци:

  • Како прво, колку јаглерод отстрануваме? Враќајќи се на претходната равенка, „нето нула“ изгледа многу поразлично ако равенката е 1-1 = 0 за разлика од 1.000 – 1.000 = нула. Колку повеќе јаглерод и други стакленички гасови продолжуваме да ослободуваме во атмосферата, толку е поголем предизвикот да ги отстраниме истите. Ограничувањето на првиот број е многу важно при достигнување на вистинска нула емисии.
  • Концептот на „нето нула“ се базира на природниот циклус на СО2 што се ослободува во атмосферата преку фотосинтеза и потоа се апсорбира назад. Проблемот е во тоа што јаглеродот ослободен со согорување на фосилни горива, наспроти природниот „јаглерод од биомаса“, бара многу повеќе време за повторно да се апсорбира. Според научниците, јаглеродот и СО2 ослободен од согорувањето на фосилни горива бараат десетици илјади години повторно да се апсорбираат. Ова значи дека немаме време или решенија да го реапсорбираме сето тоа количество на стакленички гасови доволно брзо за да останеме под 1,5 степен Целзиусов до средината на векот. Доколку не престанеме да согоруваме фосилни горива веднаш, овој процес ќе биде уште попредизвикувачки и подолг.
  • Проблемот е во тоа што јаглеродот ослободен со согорување на фосилни горива, наспроти природниот „јаглерод од биомаса“, бара многу повеќе време за повторно да се апсорбира. Според научниците, јаглеродот и СО2 ослободен од согорувањето на фосилни горива бараат десетици илјади години повторно да се апсорбираат. Ова значи дека немаме време или решенија да го реапсорбираме сето тоа количество на стакленички гасови доволно брзо за да останеме под 1,5 степен Целзиусов до средината на векот. Доколку не престанеме да согоруваме фосилни горива веднаш, овој процес ќе биде уште попредизвикувачки и подолг.

Извор: IEA Bioenergy, https://www.ieabioenergy.com/iea-publications/faq/woodybiomass/biogenic-co2/

  • Голем дел од многуте „нето нула“ стратегии се состојат од „решенија засновани на природата“ каде што емисиите на јаглерод треба да се апсорбираат од природни „јаглеродни понори“ како што се шумите и океанот. Додека се даваат многу валидни и силни аргументи за обновување на екосистемите и нивниот потенцијал за зафаќање јаглерод и се’ додека ова оди паралелно со декарбонизација, многу индустрии на фосилни горива лажно пропагираат дека природните екосистеми можат да апсорбираат доволно јаглерод, а тие да продолжат да го емитуваат истиот, без никакви промени во нивниот модел управуван од профит. Еден од проблемите во овој ‘аргумент’ е тоа што додавањето на уште повеќе стакленички гасови врз количството на јаглерод што овие екосистеми веќе го зафаќаат може да ги стави овие природни „базени“ и понори под сериозен стрес. На пример, бидејќи океаните продолжуваат да апсорбираат зголемено количество на СО2, нивната киселост исто така се зголемува што пак претставува закана за животот и здравјето на океаните и екосистемите кои тие ги поддржуваат. Природните понори се веќе загрозени заради климатската криза (на пример, деградација на шумите поради суша и пожари) со што се ограничува нивниот потенцијал да го апсорбираат јаглеродот што пред сè, ги убива.

Адаптирано од Friends of the Earth International од Меѓувладиниот панел за климатски промени – Intergovernmental Panel on Climate Change (IPCC). „Графикот користи када за да го разликува активниот јаглерод во, како што го нарекуваат, „природен јаглероден циклус“, од фосилниот јаглерод во неговиот еднонасочен (не) циклус. Исто така, точно покажува дека не постои сигурен „инженерски и природен одвод на „негативни емисии.“

– – – – – – – – – – –

Во вториот дел на оваа серија на статии разговараме за проблемите со јаглеродните пазари и „неутрализирањето“ на јаглерод.

The Climate Herald објавува редовни написи поврзани со климатската криза засновани на научни истражувања и разговори со специјалисти од овие области. Наша цел е да обелоденуваме како климатскиот колапс влијае на секој аспект од нашите животи, какви решенија ни се достапни и што треба да се смени за решавање на најголемиот проблем на денешнината.

Автор: Џеј Ди Фаруџиа | Превод и адаптација: Симона Гетова

Џеј Ди работи како проектен менаџер и менаџер на кампањи во приватниот и во граѓанскиот сектор, како и во областа на уметноста и културата од 2010. Некои од овие улоги вклучуваат: управител на граѓанска организација фокусирана на одржлив риболов, креирање и координирање на програми за граѓанско општество и координација на програмата на локален театар. Џеј Ди има МSс во Менаџмент со животната средина и Планирање и завршено додипломски студии во Психологија на Универзитетот во Малта. Тој во моментот е вклучен во различни проекти поврзани со екологијата и животната средина, како и уметнички проекти во Малта, Северна Македонија и на европско ниво.

Симона е докторант во областа на политичката екологија на катедрата за политички и социјални науки на Универзитетот Помпеу Фабра во Барселона. Таа е организатор за климатска и социјална правда и работи на пресеците на политичкото образование, управувањето и колективното делување за социјално-праведни и еколошко-здрави заедници на Балканот и пошироко.