[Став] На светот му е потребно истражувачко новинарство

Ризиците кои ги прават новинарите се големи, но вреди да се жртвуваш за наградата од јавноста.

Тројцата истражувачки новинари кои седеа на комотни столови на големиот затемнет состанок минатата недела во Лилехамер, Норвешка, се чинеше како да се на работ на нервите. Но, тие ризикуваат затвор, тепање или дури и убиство за кривично дело – известувале за факти кои некои влади и моќни корпорации не сакаат никој да ги знае.

Четвртата новинарка, Хадија Исмаилова, на конференцијата имаше пратено заменик, бидејќи таа лежи затворска казна од седум и пол години поради тоа што откри дека владејачката фамилија во Азербејџан е збир на клептократи кои краделе од јавното богатство. Исмаилова можеше да побегне, но наместо тоа не одбра ниту да се предаде, ниту да потклекне.

Многумина од околу 900 репортери од 121 земја кои се сретнаа од 7 до 11 октомври на деветтата Глобална конеренција за истражувачко новинарство, се во ризик од казнување поради кажување на вистината која некому не му одговара, опасност која не им се заканува само нив, туку и на секој кој ја вреднува слободата.

Ширум светот, репресивните режими и моќните корпорации кои ги изнајмуваат и купуваат политичарите ги малтретираат, им се закануваат, ги затвораат, а понекогаш и ги убиваат сериозните новинари. Само во Мексико, 20 новинари биле убиени од 2010 година.

Една од говорниците на конференцијата, Claire Rewcastle Brown, пишуваше од својот стан во Лондон за катастрофата во областа Саравак во Малезија, каде живеела како дете. Нејзиниот труд е бесплатен, „труд од должност“за кој таа не добива надомест. За објавување на злоупотребата на природата и за фактот што јавните фондови завршиле во приватните банкарски сметки на премиерот Наџиб Раза, владата во Куала Лумпур бара од Интерпол да ја уапси Brown во Лондон и да ја екстрадира. Интерпол го одбил првото барање на владата, но подготвуваат ново, ми вели таа.

Brown се обиде да остане сериозна, но додека ја интервјуирав гласот ѝ се промени додека зборуваше за судбината на еден од нејзините извори од Саравак: бил удавен во буре со цемент, што е честа техника за убивање во организираните криминални групи во Куала Лумпур. Разбирливо, новинарката се грижи што 10.000 километри милји помеѓу неа и Куала Лумпур можеби нема да бидат доволни за да остане жива.

Цели три децении, David E. Kaplan беше еден од најдобрите истражувачки репортери во Америка. Сега, како извршен директор на Глобалната мрежа за истражувачко новинарство (GIJN), вели дека неговата работа е да ја „создаде инфраструктурата“ за истражувачкото новинарство да процути.

„И покрај сите пречки и закани, нашето поле расте“, вели тој. „Поврзуваме репортери низ светот, особено оние кои известуваат преку компјутерски асистирано новинарство (CAR/Computer-assisted reporting). Шириме вирус, добар вирус, кој ги спојува истражувачките новинари од Азија, Латинска Америка, Африка и богатите земји до северната хемисфера“.

Со годишен буџет од помалку од 500.000 долари, GIJN им помага на новинарите да ги развијат вештините со кои откриват масовни клептократии и тајни врски меѓу глобалните компании и смртоносните политики.

Kaplan е особено горд на украинските новинари кои беа тренирани на конференцијата на оваа организација во Бразил, во 2013 година. Кога слушнале дека документите на кои е запишано богатството украдено од соборениот премиер Виктор Јанукович биле фрлени во езеро во неговата огромна хациенда, веднаш објавиле повик за нуркачи. Резултат на тоа е проектот „Јануковичликс“, интернет база од 200 папки со спасени документи, заедно со анализите на новинарите.

GIJN е една од многуте новинарски организации со корени во IRE (Investigative Reporters and Editors), за која имав привилегија да служам како претседател на бордот во периодот од 2012 до 2014. IRE ја одржа првата конференција во 1976 година, пет дена откако еден од нејзините говорници, репортерот од Аризона, Dan Bolles, беше убиен од криминалната банда која ја истражуваше.

Глобалната мрежа започна кога Brant Houston, поранешен извршен директор на IRE, и данскиот новинар Nils Mulvad решија да ги поканат сите истражувачки репортери од сите страни на светот, за да видат колкумина од нив ќе дојдат.  Околу 300, од кои повеќето се специјалисти за известување преку компјутер, допатуваа во Копенхаген во 2001.

За многумина од нас, истражувачкото новинарство е повик – како негување, подучување или проповедање. Но, како и секоја друга значајна работа, тоа бара пари. Многумина од независните истражувачки новинари во светот создадоа свои публикации и најдоа начин да ги финансираат, од аплицирање за грантови до продавање на претплати и реклами за да ги задржат вратите отворени.

Но, мала сума на мудро потрошени пари може да произведе огромни резултати. кога се зборува за јавните придобивки, како што покажаа и дванаесетте финалисти за наградата Global Shining Light. Двајцата победници беа дел од новинарскиот проект за организиран криминал и корупција „Unholy Alliances“, кој откри дека Црна Гора е нација управувана од мафијата, и Gazeta do Povo од Бразил за „Empire of Ashes“, за кој го истражуваше криумчарењето на тутун и организираниот криминал во Јужна Америка.

Еден од оние на подиумот, анголскиот новинар Rafael deMorais, ја сподели со јавноста систематската корупција, меѓу кои и тајната соработка меѓу нафтена компанија, владини службеници и фабрика за цемент. За тоа, тој е обвинет криминалец, виновен за „злонамерна клевета“ – односно она што другите го нарекуваат јавување на факти.

Многу новинари на конференцијата ја изразија својата грижа за тоа дека не треба да бидат гледани како активисти. Но, deMorais се чини дека се разгоре кога прашав дали има тенка линија меѓу истражувачкото новинарство и активизмот.

„Законите кои го заштитуваат печатот се неважни во моментов, бидејќи владата на Ангола прави како што сака“, рече тој. „Им дозволуваме на криминалците лесно да ја превземат моќта во Африка, бидејќи луѓето секогаш се срамат да го направат тоа што е исправно. Во место без слобода, ако објавиш нешто такво, тоа станува чин на активизам“.

Тој е сосема во право. Преку казнување на измислени кривични дела, Египет смести три новинари на Al Jazeera зад решетки цели 400 дена. Ги пуштија на слобода минатиот месец. Казните им беа прекинати на Mohamed Fahmy и Baher Mohamed, а Peter Grest сé уште чека.

Слободата на печат ја земаме здраво за готово во САД, Канада, западна Европа и некои други земји, но е сон за новинарите во најголемиот дел од светот – и кошмар за режимите кои ги затвораат, крадат и замолчуваат фактите со толку суровост колку што им одговара. Знаат дека нивната моќ зависи од контролирање на вистината. Ако сакаме да го направиме светот подобар, мора да го заштитиме силното, агресивно и сериозно новинарство.

Пишува David Cay Johnston, истражувачки репортер и добитник на Пулицеровата награда како новинар на New York Times, кој предава бизнис, даночно и сопственичко право на древниот свет на Syracuse University College of Law. Автор е на бестселерите Perfectly Legal, Free Lunch и The Fine Print.

Извор: Al Jazeera America