[Став] Добредојдовте во велосипедскиот рај

Уште пред да станам од кревет, нашата 15-годишна ќерка ја затвора вратата, се качува на нејзиниот велосипед и тргнува за на училиште и да се најде со нејзините пријатели по пат.

Минатата недела, нашиот осумгодишен син и 13-годишната ќерка присуствуваа на четири забави. Го избегнаа задолжителниот роденденски шеќер, отидоа да куглаат, да пукаат со ласери, играа мини-голф и галеа овца – и се тоа патувајќи со велосипед.

Ова е секојдневниот живот во Хутен, предградие на Утрехт во Холандија. Ако поминете некое време овде брзо ќе видете куп деца кои ги возат своите велосипеди за спортски активности надвор од училиштето на ветер, дожд или сонце. Една од моите омилени холандски изреки е „Jij bent niet van suiker gamaakt” („Не си направен од шеќер“), што значи дека нема да се стопете од дождот, така што возете се на велосипед.

Овој животен стил не доведе во Холандија од Британија. После 15 години сонување, преку Сиднеј, Лондон и Норвич, тргнавме во потрага по град кој е пријателски настроен за велосипедисти.

Сега сме во Хутенаарс, граѓани на светско познатото велосипедско предградие, проучувано од градски архитекти низ светот. Хутен е на мапата уште од римско време, но модерниот развој започнал во доцните 60-ти за време на брзиот развој на Утрехт.

Архитектот Роб Деркс го дизајнираше Хутен за да им даде приоритет на пешаците и велосипедистите. Обиколница го опкружува предградието и населените места. Возила се дозволени само по патишта што се наоѓаат по краевите на градот. Наместо тоа, има опширна мрежа на патишта и велосипедски патеки кои ги поврзуваат областите.

Острите кривини и ограничувањата во брзина значи дека патиштата се намерно отежнати за моторните возила: во Хутен, автомобилите се речиси непосакувани гости.

За разлика од возачите, велосипедистите и пешаците можат директно да патуваат, со двеминутна прошетка или 10-минутно возење со автомобил, на пример.

Функционира: речиси 98 отсто од домаќинствата во Хутен поседуваат најмалку еден велосипед, или во просек 3,4 велосипеди во секое домаќинство. Иако повеќето патувања до работа се направени со велосипед – особено патувања надвор од градот – возењето велосипед е најпопуларен начин на транспорт.

Последен извештај покажа дека 53 отсто од населението патува до продавница со велосипед или пеш. Оваа бројка се зголемува на 79 отсто за пократки патувања како до банка или на фризер, но и посетување на пријатели и семејство во Хутен.

Сепак, жителите поседуваат и автомобили – иако ретко повеќе од една, а некои одбираат да ја делат со друштво. Децата возат велосипед веднаш штом ќе проодат, лицата со попреченост слободно и самостојно, а повозрасните луѓе возат насекаде и ако тие почнат да се чувствуваат небезбедно на две тркала, тие ги заменуваат со три. Имигрантите кои никогаш немале велосипед, се учат како да возат.

Секој пат имаме чудно чувство на вина што го сакаме овој совршено испланиран живот. Посетителите имаат чудно чувство дека паднале во „Шоутоа на Труман“, брзо исчезнуваат кога сфаќаат колку превртена перцепција имаат за „нормален“ град.

Моето семејство имаше среќа – мојот свекор, кој има холандски пасош, му го даде на својот син по потекло од Австралија кога неговото семејство ја напуштило Холандија по војната.

Нашите деца беа доволно возрасни да знаат што напуштаат во Норвич.

Можеби не мразеа што ги оставивме во локално холандско училиште без да го знаат јазикот, но преживеаја. Прво им недостасуваа пријателите но сега ја сакаат нивната независност, чистиот воздух и заедницата во Хутен.

За време на посети на фамилијата во Лондон и Австралија, сите три деца се запрепастени колку време мора да поминат во автомобил, колку бучно е се и колку децата се зависни од родителите.

Не сите имаат шанса да го направат изборот што ние го направивме. Но не се за што се залага Хутен е радикално или алтернативно. Одлуката на овој холандски град да се отргне од автомобилите, за да го исчисти воздухот, за да инвестира во здравјето на индивидуите, не е недостижна идеја.

Хутен е иднината што многумина од нас во општествата кои се фокусираат на автомобилите, сонуваат, но се случува овде и сега. Ништо не ги спречува другите градови да ги направат истите одлуки.

Пишува Кајли ван Дам за „Гардијан