Статуафест и Баскеркараван од 20 јуни во центарот на Скопје

Второто, проширено издание на Интернационалниот уличен уметнички фестивал за баскери и живи статуи Статуафест и Баскеркараван ќе се одржи од 20 до 22 јуни на плоштадот „Македонија“.

Ќе настапат улични уметници, баскери со свои баскер улични настапи од Шпанија, Бугарија, Венецуела, Германија. Истовремено, статуи и „walk by acts“, покрај од земјава, ќе дојдат и од Србија, Украина, Бугарија.

Целиот настан ќе биде придружен и со богата музичка програма, најавуваат организаторите.

Програмата и најавата на настапувачите може да се следи на овој ЛИНК. Настанот е под целосно покровителство на град Скопје.