„Star Trek Discovery“  ќе има главен женски лик лезбијка

Брајан Фулер, продуцент на новата серија од франшизата Star Trek која беше најавено дека се снима на San Diego Comic Con, откри дека во новите епизоди ќе има нов главен женски лик, која ќе биде геј.

„Длабоко ќе навлеземе во нешто што за мене секогаш било измачувачко – да ја раскажеме таа приказна преку лик кој е на патување на кое ќе научи како да се согласува со останатите во галаксијата“, изјавил Фулер.

„За таа комплетно да научи дека нешто е страно, треба пред се да се разбере себеси“, додава.

Главниот женски лик нема да биде капетан, па гледачите ќе можат да добијат „поразлична перспектива“ за животот на екипажот на Ѕвездената флота (Starfleet).

Претходните серијали од франшизата беа фокусирани на капетанот на вселенскиот брод USS Enterprise, или во случаите на Deep Space Nine и Voyager, на првиот командант и заменик-адмиралот.

Серијалот ќе биде достапен на стрим-сервисот на СВЅ од јануари 2017 година, а ќе се состои од 13 епизоди.