„Создадете излез“ – нов мурал на Бенкси за претворање на поранешен затвор во културен центар

Мистериозниот уличен уметник Бенкси преку ново дело даде поддршка на кампањата за претворање на поранешен затвор во англискиот град Рединг во културен центар.

Бенски потврди дека стои зад муралот на кој е прикажан затвореник кој врши бегство преку јаже направено од хартија од машина за пишување. Делото е нацртано на ѕидот од поранешниот затвор во градот, познат по тоа што во него две години поминал и славниот писател Оскар Вајлд во 1890-тите години.

Затворот престанал да работи во 2013, а активистите сакаат тој да биде претворен во културен центар. Британското министерство за правда, во чија сопственост е објектот, најави дека одлуката за тоа ќе ја донесе во средината на овој месец.

Во своето Инстаграм видео, Бенкси може да се види како скришно го слика новиот мурал. Насловот на неговото најново дело е „Создадете излез“ (Create Escape).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Banksy (@banksy)